Озѓур Торт, извршен директор на „Мигрос“ групацијата (мајка компанија на „Рамстор“) стана претседател на светската малопродажба на Форумот за потрошувачки добра-CGF.
Управниот одбор на CGF, составен од 27 водечки трговци во светот и светските претседатели на 26 производни компании, го водат двајца ко-претседавачи: едниот го претставува малопродажниот сектор, а другиот производните компании.
Во оваа нова ера на глобалниот малопродажен сектор, соработката со трговците на мало, производителите, владините организации, универзитетите, невладините организации и дигиталните платформи, односно делувањето заедно е клучно за зајакнување на нашиот сектор. Како CGF, во наредниот период ќе се сконцентрираме на овие заеднички напори кои ќе ја обликуваат иднината на малопродажбата и директно ќе влијаеме врз животот на потрошувачите со резултатите кои ќе бидат очигледни, изјави Торт.
Прометот што го остваруваат компаниите - членки на Форумот за потрошувачки добра, кој во своите редови има 400 трговци, производители и даватели на услуги од 70 земји во светот, надминува 3,5 трилиони евра. Управниот одбор на CGF, кој има влијание врз 90 милиони луѓе со вработување и индиректни можности за работа кои ги создава, се состои од генералните директори на 27 водечки светски малопродажни компании и на 26 компании за производство.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.