Групацијата „Баерсдорф“ го купува брендот Coppertone од германската фармацевтска компанија „Баер“.
Со оваа аквизција, „Баерсдорф“ влегува на најголемиот светски пазар на производи за заштита од сонце и го зајакнува своето присуство во Северна Америка. Вредноста на зделката е 550 милиони долари.
„Баерсдорф“ ќе ги преземе глобалните права на Coppertone и околу 450 работници во САД, во Канада и во Кина, како и производствениот капацитет во Кливленд.
Основан во 1944, Coppertone беше прв бренд за заштита од сонце лансиран на американско тло. Минатата година генерира продажба од 213 милиони долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.