Свет

„Мигрос“ собра 4.000 брендови на најголемиот малопродажен Саем во Турција

12 Apr 2019

Турскиот трговски синџир „Мигрос“ го организираше најголемиот малопродажен саем во Турција, во Конгресниот центар во Истанбул во периодот 5 до 7 април под називот „Мигрос фестивал на добра иднина“.

Саемот ги обедини производителите, добавувачите, земјоделците, вработените и купувачите. Саемот беше поставен на вкупна површина од 20.000 квадратни метри, при што присуствува 4.000 брендови, повеќе од 400 добавувачи, како и 2500 вработени на „Мигрос“ од 81 провинција во Турција. Го посетија 140.000 посетители. 

Станавме пионери во малопродажниот сектор организирајќи свој Саем со екосистемот со кој веќе 65 години заедно произведуваме вредности. на едно место ги собрацме боите, вредностите, вкусовите на секој регион на Турција. на тој начин создадовме една слика на Турција. на едно место ги собравме нашите 4.000 брендови, над 400 добавувачи и вработените од сите четири страни на Анадолија, изјави Џем Родослу, член на Извршниот одбор на групацијата „Мигрос“. 

На Саемот зеде учество  и „Рамсторе Македонија“ како дел од „Мигрос“, со поставување штанд заедно со уште три македонски компании: „Витаминка“, „Европа“ и „Виталиа“, со цел да се промовира 13 годишното успешно постоење на „Рамсторе“ на македонскиот пазар. Исто така, Македонија беше презентирана како земја на вкусна традиционална храна, природни убавини, богато културно – историско наследство и туристички вредности.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...