Компанијата „Нестле“ инвестира 10,6 милиони евра во нова производствена линија во Аргентина, за производство на млечни производи готови за јадење.
Новата линија ќе ѝ овозможи на компанијата дневно производство на 10 милиони литри млечни производи од популарните брендови Nesquik и Nido.
Од компанијата велат дека ова е инвестиција со која „Нестле“ влегува на пазарот на течни млечни производи.
„Нестле“ во Аргентина поседува шест фабрики во различни краеви на земјата, во кои се вработени повеќе од 2.000 луѓе.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.