Свет

Руски магнат дава 300 милиони евра за шпанскиот синџир „Диа“

02 Apr 2019

Инвестициската групација „Латерон“ планира да направи понуда од 300 милиони евра за преземање на шпанскиот синџир супермаркети „Диа“. 

Групацијата ја контролира рускиот магнат Михаил Маратович Фридман, ко-основач на „Алфа - груп“, мултинационален руски конгломерат. Тој нуди 0,67 евра по акција за преостанатите 70 отсто што не ги поседува. 

„Диа“ е среде процес на реструктуирање откако изгуби 90 отсто од својата пазарна вредност во последните 12 месеци. 

Фридман ја поседува и X5 групацијата, најголем руски малопродажен синџир со повеќе од 13.000 продавници.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...