Свет

Руски трговски синџир го руши пазарот во Германија

04 Feb 2019

Рускиот трговски синџир „Торгосервис“ ќе се обиде да го направи во Германија тоа што никој од странците досега не го направил - отвори маркет во Лајпциг и со многу ниски цени се обидува силно да зачекори на германскиот пазар кој брои повеќе од 80 милиони потрошувачи

Руските сопственици сакаат да видат дали овој деловен модел ќе успее за да почнат да се зелат на запад од Русија. 

Внатрешноста на новиот маркет, кој функционира како дисконт, ги потсетува Германците на продавниците што ги имаа некаде околу 1960-та година. Под неонски светла се наоѓаат големи полици од пелети од кои купувачите директно земаат роба. Околу 70 отсто од сите артикли е храна, останатите се гардероба, храна за миленици и предмети за домаќинство. Тоа е сериозна конкуренција на евтините синџири кои веќе работат во Германија, од кои најпознати се „Лидл“ и „Алди“. 

„Торгсервис“ во Берлин основа и компанија - ќерка под називот „ТС-маркт“ која има големи планови за продор на пазарот во источна Германија. Маркети ќе се отвараат во градови кои имаат повеќе од 100.000 жители. „Торгсервис“ има дисконти и во Казахстан, Кина и Азербејџан. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...