Народната правобранителка на Бугарија, Маја Манолова, пред европските институции во Брисел ја претстави петицијата на бугарските потрошувачи против постоењето двојни стандарди за храната и за другите производи во земјите во ЕУ.
На крајот од 2017 година, Манолева ги предупреди надлежните европски институции за проблемот и побара промена во Законот за заедницата. Целта беше да се запрат производството и дистрибуцијата на храна од иста марка, но со различни состојки и квалитет во земјите-членки. Со слична реакција, претходно, се јавија и здруженијата на потрошувачи во Хрватска.
Според народната правобранителка на Бугарија, не постои оправдување за снабдување со добра со понизок квалитет, со што Бугарите се третираат како потрошувачи од „втор ред“. Резултатите од истражувањата направени за квалитетот на храната и пијалаците во Бугарија и во другите земји на ЕУ, покажале дека 20 отсто од производите од ист производител се со различен квалитет. Дури 42 отсто од производите се со повисока цена во Бугарија, при ист или послаб квалитет од оние што се продаваат во продавниците во другите западни земји.
Двојните стандарди за исти производи постоеле долго време. Откако во Европа почна да се зборува за движење во „две брзини“ ние се соочуваме со заканата да се претвори Европа во унија на двојни стандарди. Најголеми разлики има во детската храна и во производите за деца и бебиња. Постојат разлики во содржината на растителните масти, има помалку млеко и какао. Постои и повисока цена за ист вид производи, изјави Манолева.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.