Индексот на цените на храната* во ноември годинава во просек изнесуваше 160,8 поени, што претставува пад за 1,3% во споредба со октомври. Тоа е најниското ниво од мај 2016 година, а во споредба со истиот месец минатата година, пониско за 8,5%. Ноемврискиот пад е резултат од силниот пад на цените на растителните масла, млечните производи и на житото. Вредноста на месото исто така се намали, додека цените на шеќерот забележаа пораст.
Извор: www.fao.org
* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото не се достапни кога се пресметува и се објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и забележаните цени.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.