Свет

„Келогс“ ќе продава дел од бизнисот?

12 Dec 2018

„Келогс“ ги објави плановите за реорганизација на северноамериканската дивизија и за продажба на бизнисот со кекси и овошни барови.

Како што наведуваат од компанијата, размислуваат за продажба на брендовите Keebler и Stretch Island, со цел да се фокусираат на главните брендови.

Како и другите производители на пакувана храна, и „Келогс“ се бори да ја зголеми продажбата, а од друга страна, конкуренцијата од е-трговците резултира со интензивен ценовен притисок.

Овие брендови се соочија со тешкотии да се изборат за ресурси и инвестиции во нашето портфолио, изјави Стив Кахалин, извршен директор на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...