Групацијата „Перно Рикар“ лансираше „месинџер четбот“ за промовирање на одговорното консумирање на алкохол, преку интеракција со корисниците и со одговарање на нивните прашања.
The Wise Drinking chatbot е интергриран со „Фејсбук месинџер“, а пристапот до него може да се направи директно или преку фејсбук-страницата на компанијата. Тој е способен да го мери нивото на алкохол кај поединци, преку проценка на нивните одговори на прашања поврзани со потрошувачката на пијалаци и храна.
Корисниците, во реално време, може да добијат информации за влијанието на алкохолот врз поединци врз основа на нивниот пол и на други фактори. Можат да се добијат и совети за најдобрите начини за превоз, врз основа на споделената информација за консумираното количество алкохол.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.