Свет

Котел произведува питка вода од воздухот

12 Nov 2018

Тим инженери од Калифорнија дизајнираа направа која, кога условите се совршени, може од воздухот да произведе околу 1.200 литри питка вода. За овој изум неодамна добија награда од 1,5 милион долари.

Направата наречена SkyWater работи на едноставен принцип. Големи метални котли ја кондензираат и ја прочистуваат водата претворајќи ја влагата од воздухот во питка вода. Овие котли можат да се напојуваат со соларна енергија или со употреба на биодизел. Со нив може да се реши проблемот на домаќинствата што немаат чиста вода за пиење, може да бидат од помош во земјоделството, а би кориснистеле и при природни катастрофи кога страда постојната инфраструктура за водоснабдување.

Оваа направа не е решение само за Калифорнија, туку за цел свет бидејќи во атмосферата во секој момент има околу 150 милијарди литри свежа вода што е повеќе од сите реки и езера на планетата заедно.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...