Читателите ја прогласија „Хел енерџи“ за производствена компанија на годината во Европа, во категоријата на остварени приходи над 100 милиони евра. Ова признание до сега не го добила ниту една компанија од Унгарија. „Хел енерџи" го освои поради својот производствен комплекс, фабриката отворена во 2011 година во местото Сиксо, како една од најмодерните фабрики во Европа. Производствената линија за полнење лименки, инсталирана годинава, е една од најмодерните во светот во поглед на хигиенските и техничките аспекти и еден од најбрзите производни линии во централна Европа, со капацитет на полнење од 120.000 лименки во еден час. Вкупното дневно производство е дури 4,5 милиони лименки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.