Свет

„Кофола“ ја презеде „Лерос“

07 Sep 2018

Производителот на безалкохолни пијалаци „Кофола“ 100-процентно ја купи чешката компанија „Лерос“. Вредноста на преземањето не е објавена. 

„Лерос“, производител на мешавини од лековити билки и високо квалитетни природни чаеви (основана во 1954 година), и претходно беше соработник на „Кофола“. Како што соопштуваат од компаниите, билките на „Лерос“ се користеле во производството на пијалаците на „Кофола“, а со аквизицијата, двете компании ќе се поврзат уште поцврсто. 

„Кофола“ и лековитите билки се неразделно поврзани. „Лерос“ е компанија што совршено се поклопува со тоа што ние го бараме – производител со долга традиција, искусен кадар и високо квалитетни производи врз основа на лековити билки, изјавија од „Кофола“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...