Вотка сместена во златно јајце, по рецепт оригинално направен во 1721 година за да го импресионира рускиот цар Петар Велики е лансирана за продажба на глобалниот пазар, по цена од 1.600 евра.
Јајцето е направено од метална легура, украсена со златен емајл и 24-каратно злато, како и со сини, црвени и зелени кристали.
Самата вотка е со вода од Ладожско езеро, најголемото слатаководно езеро во Европа, во комбинација со пченица и ‘рж од централна и од јужна Русија. Вотката се дестилира 12 пати.
Златното јајце ќе биде изложено во Кан на почетокот на октомври, на манифестација на која ќе бидат прикажани најновите иновации во малопродажбата.
Компанијата „Група Ладога" произведува 1.200 јајца годишно во повеќе бои. Околу 20 отсто од нив се продаваат во малопродажбата. Сребрените и сините јајца чинат по 1.000 евра.
„Група Ладога" ужива пораст на продажбата од година во година и во моментов е најпродаваната вотка на руските аеродроми.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.