„Унилевер" постигна договор со кинеската компанија за е-трговија „Џингдонг мол" (Jingdong Mall, т.е. JD.com) за транспорт на производи низ цела Кина.
На тој начин, меѓународниот FMCG-гигант се обидува да ја зголеми достапноста на своите брендови, како на пример чајот Lipton и на сапунот Lux, и да ја зголеми продажбата и во зафрлените делови од оваа најголема азиска земја.
Договорот, како што наведува „Џингдонг мол", е уште еден успешен обид на е-трговецот да навлезе во сферата на логистиката и услугите во снабдувачкиот синџир, односно да ги искористи своите ресурси и искуство, изградени за потребите на сопственото работење, и да ги понуди и на други компании што се во потрага по тој вид на партнерство.
Досега, „Унилевер" исклучиво соработуваше со логистички компании, како што е ДХЛ, за дистрибуција на производи низ цела Кина.
Извор: www.esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.