„Шпар интернационал" најави дека до крајот на годинава ќе отвори 80 нови продавници во Грција.
По двегодишно отсуство, холандскиот трговски синџир „Шпар" се врати на грчкиот пазар, откако потпиша договор за соработка со трговскиот синџир „Астерас груп" за ребрендирање на постојните продавници на трговецот под банерот „Шпар Хелас".
Годинава беа отворени 8 нови објекти, а до 2022 година, групацијата планира да отвори вкупно 350 продавници. Досега најголемиот објект во Грција е „Шпар Кутелиерис", кој се простира на површина од 1.500 квадратни метри. Во текот на следните неколку недели, трговецот открива дека ќе бидат отворени уште 18 објекти.
Претходно, „Шпар" ја напушти Грција во 2015 година, кога ја прекина долгогодишната соработка со „Веропулос". Холандскиот трговец во оваа земја на југот од Балканот, беше присутен од 1969 година.
Извор: www.esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.