Производителот на брендот Nivea, „Баерсдорф", успешно продолжува со профитабилниот пораст и во 2018 година, соопштија од компанијата.
Во првите шест месеци групацијата генерирала пораст на органската продажба од 7,7%. Номиналната вредност на продажбата се зголемила за 2,8% на 3,6 милијарди евра.
Во европската дивизија, компанијата остварила органски пораст од 6% и продажба во висина од 1,9 милијарди евра. Порастот во земјите на Западна Европа изнесувал 5%, додека во Источна Европа – 7,5%. Во американската дивизија, продажбата се зголемила за 6,2% (-4,1% во номинална вредност), додека на пазарите во Африка, Азија и Австралија, забележан е скок за 11,5% (+4,3% номинално).
Анализирано по брендови, Nivea остварил пораст на продажбата за 3,5%, а деловната единица „Дерма" (производи за грижа на кожата), во која се вклучени Eucerin и Aquaphor, ја зголемила продажбата за 9,5%. Во сегментот грижа за здравје, на кој му припаѓаат Hansaplast и Elastoplast, е забележан скок за 0,9%. La Prairie продолжил со извонредниот пораст што бил забележан и во текот на минатата година, така што во првите шест месеци годинава тој изнесувал високи 55,9%.
Извор: www.esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.