Свет

„Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин

10 Jul 2018

„Перно Рикар" потпиша договор за лансирање и за дистрибуција на јужноафриканско-шведскиот бренд Ceder's во Велика Британија.

Пијалакот се опишува како „безалкохолен алт-џин направен од класичен џин и од јужноафрикански билки" и за почеток ќе се продава во три варијанти: Ceder’s Classic, Ceder’s Wild и Ceder’s Crisp.

Крег Хачинсон и Мариа Селстром се творците на брендот Ceder's, пијалак кој содржи многу билки, вклучувајќи ројбос и бучу (листови што се користат за чај и во медицината) од долината на планината Седерберг во Јужна Африка. Пред да се стават во шишиња во Швадска, дестилираните билни масти се промешуваат со шведска вода.

Ова е сè поголема и повозбудлива област за „Перно Рикар" и чест ми е што на нашите потрошувачи ќе им ја понудиме безалкохолната алтернатитива на џинот, изјави Лорен Пије, извршен директор на британската филијала на компанијата.

Пијалакот Ceder’s ќе се продава во стаклена амбалажа по цена од 19,99 фунти и ќе биде достапен во „Сеинсберис" и во „Виски ексчеинџ". „Перно Рикар" само ќе ги дистрибуира џиновите Ceder’s, без да има удел во брендот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...