Свет

Нова продавница „Карфур сити“ во Париз

27 Jun 2018

„Карфур" – Франција ја отвори продавницата „Карфур сити" во Париз, која е посветена, како што се наведува, на здравиот живот и на сè што е добро и убаво.

Новоотворената продавница се простира на 600 квадратни метри, а за услугата се грижат повеќе од 20 вработени. Асортиманот се состои од повеќе од 6.000 производи, од кои речиси третина се органски, безглутенски и вегански производи, што е во согласност со стратегијата на групацијата до 2022 година да стане еден од најголемите синџири кој тргува со органски производи.

Како што соопштува трговецот, продавницата „Карфур сити" е осмислена да го збогати искуството на потрошувачите, а истовремено да биде и место за средби. Освен продажниот простор, во рамките на продавницата има и тераса, каде што посетителите може да се напијат кафе, да вечераат или да разменуваат книги.

За потрошувачите се достапни и опциите за достава на домашна адреса и „клик &колект", како и услугата „Манки локи", која им овозможува на корисниците пристап до поврзани сефови, преку кои ќе можат безбедно да ги разменуваат клучевите при изнајмување на станови.

Извор: www.esmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...