„Лидл“ најави покренување на партнерство со стриминг платформата „Дизни +“, преку кое на корисниците на апликацијата „Лидл +“ им се нудат посебни можности.
Корисниците кои во иднина ќе остварат месечно купувања во износ од 400 евра, ќе добијат попуст на претплатата на овој стриминг сервис.
Потоа корисниците ќе имаат можност после еден месец да ја обноват својата претплата и повторно да се пријават за намалена претплата доколку повторно го исполнат условот за тоа.
Преку соработката со платформата „Дизни +“ и лансирањето на нова, екслузивна понуда, дополнително ја зголемуваме придобивката за нашата апликација „Лидл плус“, и нудиме посебна дополнителна вредност која го надминува вообичаеното искуство во купувањето. Со „Дизни +“ ја прошируваме нашата дигитална понуда со возбудлива забава за целото семејство, изјави Јан Бок, заменик генерален директор на „Лидл“.
Според партнерството, најдобрата забава го исполнува највисокиот малопродажен квалитет и нуди невидена додадена вредност за германските потрошувачи, покрај што партнерството вклучува и пионерска соработка во областа на рекламирањето, додаде Еун-Кјунг Парк, виш потпретседател на „Волт Дизни компани“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.