Свет

„Карслберг“ со помош за оштетените од поплавите во Виетнам

19 Sep 2024

Компанијата „Карслберг“ донираше 45.000 американски долари за оштетените од тајфунот Јаги кој предизвика поплави во Виетнам.

Овие средства се директно префрлени на коменитет на виетнамскиот Татковински фронт  во провинциите во северн Виетнам, Таи Нгуен и Лао Цаи, кои беа најтешко погодени од поплавите, соопшти конапнијата на својот профил на „Линкедин“.

Средствата ќе се искористат за поправка на оштетените домови и за помош на семејствата.

Со над 30 годишно работење во Виетнам, ја разбираме нашата улога и одговорност кон заедницата и  посветени сме на давање на помош во овие тешки времиња, изјави Андру Кан, генерален директор на „Карслберг“ – Виетнам.

Од компанијата соопштија дека се надеваат ќе ги олеснат на тешкотиите кои беа предизвикани од тајфунот и поплавите и ќе се помогне во закрепнувањето и стабилноста на северот на Виетнам.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Карслберг“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...