Компанијата „Џенерал Милс“ потпиша договор за продажба на својот оддел за јогурт во САД на компаниите „Лакталис“ и „Содиал“ за 2,1 милијарди долари.
Во фискалната 2024 година, работењето со јогурт во САД оствари нето продажба од околу 1,5 милијарди долари, соопштуваат од компанијата.
Продажбата ги опфаќа операциите во САД и Канада и неколку брендови јогурт, вклучувајќи ги Yoplait, Liberté, Go-Gurt, Oui, Mountain High и :ratio како и производните погони во Муфресбороу, Ред Сити и Сен-Хијацинт.
Ова е уште еден значаен чекор напред за „Генерал милс“ во унапредувањето на стратегијата „Ацелерате“ и амбициите за преобликување на нашето портфолио. Со ефикасното управување со нашето портфолио и со изострувањето на фокусот на нашата глобална платформа и локалните брендови кои имаат изгледи за пораст и атрактивни маржи, ќе бидеме во подобра позиција да постигнеме долгорочен пораст на приходите. Исто така, сакаме да се заблагодариме на нашите тимови во САД за нивниот значаен придонес. Веруваме дека во „Лакталис“ и „Содиал“ пронајдовме вистински дом за нашите бренови, со сопственици кои се фокусирани на млечни производи и кои се добро опремени да го донесат успехот до нашите луѓе и раст на овие брендови во иднина, изјави Џеф Харменинг, претседател и извршен директор на „Џенерал Милс“.
По завршувањето на трансакцијата која се очекува да биде следната година, двете компании ќе работат независно, при што „Лакталис“ ќе ја води работата во САД, а „Содиал“ во Канада.
Извор: InStore.rs
Фото: „Џенерал милс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.