Компанијата „Асда“ во соработка со Националната здравствена служба го претстави новото пакување за своите пасти за заби и средства за плакнење на уста, на кои потрошувачите ќе може да пронајдат кои се симптомите на рак на усната празнина.
Производите за орална хигиена од сопствениот бренд ќе бидат достапни со новите етикети во повеќе од 500.продавници низ државата, со цел кај потрошувачите да се поттикне повеќе да контактират со лекарите од општа пракса или со стоматолози доколку приметат какви и да се симптоми од оваа болест.
Од компанијата истакнуваат дека целта на ова партнерство е да се подигне свеста за симптомите кои можат да укажат на појавата на ракот на усната празнина.
Секоја година „Асда“ од овие производи продава повеќе од два милиони, така што оваа мала промена во нашето пакување значи дека можеме да направиме голема разлика во поттикнувањето на купувачите да бидат свесни и да знаат што треба да направат ако почуствуваат некои од овие симптоми, изјави Сам Дикинсон, потпретседателка за комерцијална стратегија и брендирање во „Асда“.
Извор: Grocery Gazette
Фото: „Асда“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.