„Кока - Кола“ ја зголеми годишната прогноза за пораст на продажбата и добивката, поради зголемување на побарувачката за газирани и енергетски пијалаци.
Претходната прогноза за пораст беше меѓу 8 и 9%, а сега компанијата очекува порастот на продажбата да биде меѓу 9 и 10%.
Покрај тоа, компанијата очекува добивката годинава да биде зголемена меѓу 5 и 6%, а претходната прогоноза за пораст беше помеѓу 4 и 5%
Охрабрени сме од нашите резултати во второто тримесечие кои што покажаа солиден пораст во опкружување кое постојано се менува. Заедно со нашите партнери продолжуваме да ја спроведуваме нашата стратегија во сите услови и уверени сме во нашата способност да ги исполниме нашите високи насоки и долгорочни цели за 2024 година, изјави Џејмс Квинси, претседател и извршен директор на „Кока - Кола компани“.
Компанијата соопшти дека во вториот квартал имале пораст на нето добивката за 3% или 12,4 милијарди долари, додека приходите имале пораст за 15%.
Во овој период газираните безалкохолни пијалаци имале пораст од 3%, кој е поттикнат од добрите резултати во Азија, Латинска Америка и Пацификот.
Оперативната маржа за овој период имала пораст за 21,3%, споредено со истиот период од минатата година кога била 20,1%.
Извор: INB2B Media
Фотографија: „Кока - Кола“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.