Со цел да даде поддршка за децата кои се соочуваат со глад, ова лето „Теско“ ќе донира еден милион фунти на организациите „Фаршер“ и „Трусел Труст“.
Оваа акција доаѓа откако компанијата спроведе истражување во кое се откри дека еден од дванаесет родините изјавил дека нивните деца морале да го пропуштат оброкот поради финансиски ограничувања.
Покрај тоа, купвачите ќе можат да донираат со заокружување својата сметка на касите на одреден износ. Минатата година купувачите донирале речиси 600.00 фунти кои им биле дадени на овие органзации.
Семејствата кои имаат мала поддршка за време на празниците често ги гледаат своите деца како ги пропуштаат убавите работи кои секое дете ги заслужува, не само поради своето физичко здравје туку и поради менталната благосостојба. Ако сите се обединиме во следните месеци, преку преземање на ќесите за донирање или со закружување на нашата сметка за намирници, можеме да ги промениме животите на илјадници луѓе и деца, кои без поддршка би имале тежок летен распуст, изјави Клер Де Силва, шефица за заедници во „Теско“.
Извор: Grocery Gazette
Фото: „Теско“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.