Свет

ЕУ: Прикачените капачиња на шишињата од јули стануваат задолжителни

05 Jun 2024

Сите држави членки на ЕУ, од јули годинава ќе мора да ги укинат обичните капачиња за пластичните шишиња до три литри и да ги заменат со капачиња кои се прикачени на шишето, пренесува „Б92“.

 Уште од 2018 година, ЕУ ја најави директивата за тоа како треба да се постапува со пластичните и картонските производи за еднократна употреба, со која се налага пијалаците да можат да се продаваат во пластични шишиња само доколку капачето биде прицврстено за шишето.

Се случува капачињата да се одвојат и да завршат таму каде што не треба, не се рециклираат и со тоа се загадува животната средина. Според тогашните проценки со директивата требаше да се влијае на намалување на вкупната количина на отпад за приближно десет отсто.

Гледајќи во иднината, Европскиот парламент до 2030 година сака да воведе во употреба само обновлива амбалажа, па така, сите мали пакувања за шеќер, зачини, кечап и сл, до 2030 година нема да бидат дозволени   ако не се направени од чиста хартија.

Промени се планираат да бидат воведени и во продавниците, овошјето и зеленчукот кои тежат најмалку 1,5 кг., повеќе нема да можат да се пакуваат во пластична амбалажа, а минато ќе станат и пластичните ќеси за овошје и зеленчук.

 

 

Извор: Nova ekonomija

Фото: Принтскрин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...