Во мај годишната стапка на инфлација во Турција надмина 75 отсто.
Според проценките на влада, цените на стоката за широка потрошувачка го достигнале врвот, а во јуни се очекува намалување на инфлацијата.
Според официјалните податоци, годишната стапка на инфлација во мај изнесува 75,45 отсто, а во април таа изнесувала 69,8 отсто.
На месечно ниво, цените на стоката за широка потрошувачка пораснале за 3,7 отсто, покажуваат податоците на турскиот Завод за статистика.
Најтешкиот дел е зад нас, напиша турскиот министер за финансии, Мехмет Шимсек, на социјалната мрежа „Х“, кога беа објавени последните податоци за инфлацијата. Тој најави дека од јуни ќе започне намалување на стапките за инфлација и наведува дека преодниот период против инфлацијата завршил и дека се влегува во процес на намалување.
Според неговите очекувања годишната стапка на инфлација до крајот на третиот квартал веројатно ќе падне под 50 отсто.
До крајот на годината стапката на инфлација ќе падне на 38 отсто, најави минатиот месец гувернерот на Централната банка на Турција, Фатих Карахан. Тој проценува дека инфлацијата во мај ќе достигне врв а во јуни ќе почне да се намалува.
Извор: Biznis.rs
Фото: Pixels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.