Свет

Велика Британија: „Лидл“ ќе инвестира во зголемување на платите

17 May 2024

Компанијата „Лидл“ најави ново зголемување на платите на своите вработени во Велика Британија, кое е трето зголемување во последните 12 месеци.

  Никогаш не ја забораваме   нашите колеги во нашиот раст, поради што сме посветени да нудиме исклучително конкурентни плати заедно со низа други погодности. Сакаме да продолжиме да ги поддржуваме и зајакнуваме тимовите кои секојдневно ги водат нашите продавници и магацини, привлекувајќи нови таленти. Оваа најнова инвестиција ни помага да го направиме токму тоа, изјави Стефани Роџерс, директорка за човечки ресурси во „Лидл“ – Велика Британија.

 Како дел од новата инвестиција, на вработените во „Лидл“ ќе им бидат зголемени сатниците од 12 на 12,40 фунти, додека оние кои работат во  Лондон  почетната сатница ќе им биде зголемена од 13,55 на 13,65 фунти.

 Како што продолжуваме да се шириме, секој ден броиме се повеќе купувачи, привлекуваме повеќе вработени, па затоа е апсолутно неопходно е да продолжиме да нудиме највисока плата во индустријата, изјави Рајан Мекдонел, извршен директор на „Лидл“ – Велика Британија.

Најновата одлука ќе стапи во сила на 1.јуни, оваа инвестиција претставува инвестиција од над 2,5 милиони фунти, која следува по инвестициите од 37 милиони фунти во март и 8 милиони во септември минатата година.

Со тоа, вкупниот инвестиран износ во зголемувањето на платите на вработените во последните 12 месеци достигна до речиси 50 милиони фунти.

 

 

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Лидл“ 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...