Компанијата „Нестле“ планира да инвестира 180 милиони евра (една милијарда реали) до 2026 година во проширувањето на производствените капацитети и продажбата на производите Nescafe со зголемен фокус на младите потрошувачи.
Во моментов сме посветени на зголемената потрошувачка на кафе во Бразил. Бразилците дневни пијат од четири до шест шолји кафе, а нашата мисија е кафето да биде квалитетно, изјави Валериа Пардал, директорка за брендот Nescafe во Бразил, додавајќи дека младите потрошувачи ќе бидат клучен сегмент за компанијата во следниот период.
Порастот на потрошувачката на кафе помеѓу лицата помлади од 24 години е за 10 пати поголем отколку кај останатите групи на потрошувачи, наведуваат од компанијата.
Компанијата очекува во следните четири години продажбата на Nescafé во Бразил да има пораст од 15% , со што се надминуваат очекувањата за годишен пораст од околу 5%.
Извор: ESM magazine
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.