Свет

Велика Британија: „Марс“ го купува „Хотел Чоколат“

16 Nov 2023

Познатиот производител на чоколадо „Хотел Чоколат“, го прифати предлогот за купување од  „Марс“ вреден 543 милиони фунти.

„Хотел Чоколат“ е основана во 2004 година во северен Лондон и денеска има 126 продавници, како и кафулиња и ресторани.

„Хотел Чоколат“ е бренд со силни долгорочни перспективи и овој договор ќе му овозможи понатамошен брз раст. Здружувањето на силите со „Марс“ ќе им донесат голема вредност на акционерите на нашите компании, но ќе создадат и возбудливи можности за нашите вработени, изјави Стeвен Александар, претседател на „Хотел Чоколат“.

Ендру Кларк, претседател на компанијата „Марс Снакинг“ изјави дека „Марс“  одамна се восхитувал на работата на „Хотел Чоколат“ и додаде дека двете компании се комплементарни и ги одржува истата страст кон квалитетот и одржливоста.

 Како што пренесува „ЕСМ магазин“, соосновачите на компанијата „Хотел Чоколат“, Агнус Тривел и Петер Харис, благодарејќи на договорот, според некои извештаи ќе добијат над 100 милиони фунти. Договорот меѓу двете компании треба да биде затворен во првиот квартал на идната година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...