Свет

САД: „Пепсико“ ги надмина очекувањата во третиот квартал

12 Oct 2023

„Пепсико“ ги зголеми своите прогнози за финансиската година по трет пат од почетокот на годината, откако ги надмина очекувањата на аналитичарите во третиот квартал.

 

Компанијата ги надмина очекувањата на аналитичарите во третиот квартал кој заврши на 9 септември, достигнувајќи вредност на акцијата од 2,25 долари, во споредба со проценетите 2,15 долари.

Прехранбениот гигант објави пад на органскиот волумен од 2,5%, додека цените на производите скокнаа за околу 11% во просек, од 16% во првиот квартал од 2023 година.

Нето приходот на компанијата се зголеми за речиси 7% до 23,45 милијарди долари во третиот квартал, надминувајќи ги претходните проценки од 23,39 милијарди долари.

Приходите од органски производи во северноамериканската единица за пијалоци на „Пепсико“ се зголемија за 6%, додека единицата Frito-Lay забележа скок од 7%.

Компанијата ја задржа својата прогноза за органски раст од 10% за годината, но сега очекува таа да биде во повисокиот горен опсег.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...