„Теско“ преминува од капачиња во боја на прозирни капачиња на пакувањата од сопствен бренд за да им помогне на купувачите полесно да рециклираат.
Сините, црвени и зелени капачиња што трговецот сега ги користи ќе бидат заменети со провидни, што ќе придонесе за полесна рециклажа и повторно искористување за производство на нови шишиња.
На овој начин, околу 3.900 дополнителни тони рециклирана пластика можат повторно да се користат во производството на нови шишиња секоја година. За нас е навистина важно нашите пакувања да бидат што поодржливи, а поватните информации од купувачите за новите капачиња за млеко беа исклучително позитивни. Ќе настојуваме да бараме начини да ги подобриме пакувањата на нашите производи и на купувачите да им овозможиме да рециклираат дома, соопшти трговецот.
Да потсетиме, и други трговци („Асда“, „Алди“, „Лидл“ и „Оне-стоп“) во изминатата година исто така преминаа на провидни капачиња на шишињата за млеко во обид да го намалат пластичниот отпад.
Извор: Grocery Gazette
Фото: Tesco
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.