Свет

„Браќа Пивац“ го помина прагот од 5 отсто во „Подравка“

18 Aug 2023

Месната индустрија „Браќа Пивац“ го помина прагот од 5 отсто гласачки права во „Подравка“ и сега поседува 358.450 акции на „Подравка“, односно 5,03 отсто, известија од „Подравка“ преку „Загребска берза“. 

Со акциите на „Подравка“ на берзата се тргуваше за 1,45 милиони евра, а цената на акцијата ѝ порасна за 8,53 отсто, на 140 евра. Тоа беше најголем раст на цените меѓу тргувањето со акции. 

После трансакцијата, прометот со акции на „Подравка“ на берзата во Загреб беше 389.000 евра, односно пораст на цената за 1.07 отсто, на 141, 5 евра.  

Извор: Hina.hr 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...