Компанијата „Нестле“ го прошири своето Nescafé портфолио со лансирање на новиот асортиман под називот Nescafé Gold Dessert Edition.
Новиот асортиман, инспириран од популарните десерти, содржи вкусови како што се мока кафе со вкус на чоколадно брауни и од toffee пудинг. Новите кафиња доаѓаат во кесички поради полесна подготовка и ја имаат ознаката „non-HFSS", односно, не поседуваат висока содржина масти, сол и шеќер.
Навистина сме возбудени што го претставивме нашиот нов асортиман на Nescafé Gold Dessert Edition. Оваа едиција им нуди на нашите потрошувачи совршен десерт на паузите за кафе или создавање совршен спомен. Имаме два нови вкусови, така што сега можете и да ги „испиете“ овие десерти, изјави Миа Беверли, менаџерка за брендот Nescafé Gold пенливо кафе.
„Нестле“ неодамна во Австралија исто така ја претстави новата линија мока кафе со чоколадно инспирирано од австралискиот десерт Tim Tam.
Извор: FoodBev
Фото: Nestlé
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.