Во мај годинава производството на вотка во Русија забележа пад за 8,1% во споредба со истиот период во 2022 година, додека производството на пенливи вина и шампањ се намали за 19,3%.
Според податоците на руската агенција за статистика Ростат, производството на вотка изнесува 5,7 милиони декалитри, а на пенливо вино и шампањ 665.300 декалитри.
Истовремено, производството на вино во мај 2023 година е зголемено за 3,9 отсто во споредба со истиот период минатата година и изнесува 2,7 милиони декалитри, а производството на пиво бележи пораст за 7,1 отсто на 81,1 милион декалитри.
Кога станува збор за минерална и вода за пиење, произведени се 1,8 милијарди шишиња во пакување од половина литар, што е за 23,7% повеќе од мај 2022 година и за 5,2% повеќе од април 2023 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.