Свет

Германија: „Лидл“ слави 50 години

19 May 2023

„Лидл“ прославува 50 години од отворањето на својата прва продавница во Германија во 1973 година, со низа настани што ќе се одвиваат во следните 20 недели под слоганот „50 години повеќе од евтино“.  

Прославата почна на 16 мај со конференција за медиуми и со обиколка на новата централа на „Лидл“, додека во следниот период дисконтот во сопственост на „Шварц група“ ќе претстави повеќе роденденски понуди, попусти, натпревари и случувања.

Како дел од прославата ќе биде лансиран и асортиман приватни трговски марки со ретро изглед, вклучувајќи изданија од 1970 - те, 1980 -те и 1990 - те години.  

Секогаш останавме верни на нашата дисконтна ДНК. Веќе 50 години нашата цел, како доверлив локален добавувач, е на нашите купувачи да им понудиме одличен квалитет, свежина и голем избор секојдневни производи по вообичаено ниски „Лидл“ цени. Тоа можеме да го постигнеме со заеднички сили и со помош на посветени колеги и силни партнери. нашите купувачи, кои ни се верни пет децении, исто така ја ценат секојдневната посветеност на целиот наш тим, соопштија од „Лидл“ - Германија.  

Годинава, за првпат, компанијата ја надмина бројката од 100.000 вработени. 

Извор: esmmagazine
Фото: Lidl



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...