Свет

„Пепси“ лансира ограничена серија лименки за финалето на Лига на шампиони

19 May 2023

„Пепси“ лансира ограничена серија лименки за сокот Pepsi за финалето на Лига на шампиони што ќе се одржи на 10 јуни во Истанбул. Лименките, во рамки на кампањата „Жеден за повеќе“ содржат ликови на фудбалски ѕвезди. 

Кампањата има за цел да ги долови емоциите и енергијата кај љубителите на фудбалот ширум светот и да создаде што подлабока врска меѓу фудбалот и навивачите. 

Како официјален партнер на УЕФА лигата на шампиони и УЕФА лигата на шампиони за жени, компанијата ќе лансира ограничен број лименки ширум светот. 

За потсетување, „Пепсико“ неодамна претстави нов визуелен идентитет и за брендот 7up со цел да понуди олеснување во секојдневието, нешто што брендот го нарече „UPliftment". Исто така, кон крајот на март беше лансиран и нов визуелен идентитет и лого за брендот Pepsi, за 125 годишницата од постоењето.

„Пепсико“ ќе почне да користи ново лого од есенва во САД и во Канада, додека на меѓународно ниво, новото лого ќе го претстави во 2024 година. 

Извор/Фото: Bevnet



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...