Свет

Ирска: „Лидл“ вложи 80 милиони евра во најголемиот регионален дистрибутивен центар

25 Apr 2023

„Лидл“ денеска свечено отвори нов проширен дистрибутивен центар во Ирска, инвестиција вредна 80 милиони евра која ќе отвори 100 нови постојани работни места. 

Оваа инвестиција го поддржува растечкиот број продавници на „Лидл“ ширум земјата и е во согласност со нашиот тековен тригодишен план за проширување проектиран на 550 милиони евра, што првпат го најавивме во 2021 година, кажа Алан Бери, главен развоен директор на „Лидл“ - Ирска и Северна Ирска. 

Почнат уште во 2008 година, овој проект создаде околу 1.000 локални работни активности во тек на изградбата, како би се проширил за 15.000 квадратни метри со што вкупната големина изнесува 62.000 квадратни метри, овозможувајќи му на „Лидл“ да ги зголеми своите капацитети за една третина. 

Складиштето може да прими приближно 42.000 палети, што е зголемување од 10.000 палети по проширувањето. 

Инвестицијата вклучува и поставување на 3.000 соларни панели на покривот, со што новиот дистрибутивен центар го намали емитувањето на јаглерод диоксид за околу 220 тони годишно. 

Извор: Retail News
Фото: Lidl



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...