Свет

„Волмарт“ се фоксуира на платформа за дигитална трговија

14 Mar 2023

Американскиот гигант „Волмарт“ се обидува да ги привлече големите огласувачи на својата интернет страница. Продажбата на огласи на страницата и надомест за регистрирање на малите трговци на дигиталната платформа во иднина ќе биде значаен извор на приходи за „Волмарт“, најави трговецот. 

Очекувањата се дека за разлика од сега, кога најголем дел од прометот се остварува во физички продавници, за околу пет години поголем приход ќе генерираат другите делови на работењето на „Волмарт“ што сега имаат силен раст. Односно, што повеќе посетители доаѓаат на дигиталната платформа, толку повеќе огласувачи се подготвени да потрошат пари на истата. 

„Волмарт конект“ на трговските марки им нуди огласен простор во продавниците на „Волмарт“ во САД и осигурува пристап до податоците на купувачите во „Волмарт“ за нивните огласи да бидат повлијателни. Исто така, трговецот вложува и во дигиталната платформа Walmart.com на која производи нудат и други трговци. Моментално во понудата има повеќе од 400 милиони производи.  

Извор:Hina 

Фото: Walmart 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...