Британските трговци „Асда“, „Кооп“, „Теско“, „М&М“ се меѓу компаниите кои донираа средства за погодените подрачја од земјотресот во Турција и во Сирија.
Тие објавија дека нивната донација е во висина од 200.000 фунти.
„Кооп“, исто така, планира да донира 100.000 фунти за Одборот за итните случаи на катастрофи. „Асда“, пак, му донираше 100.000 фунти на УНИЦЕФ за да ги поддржи напорите на организацијата за помош на жртвите од земјотресот. Донацијата ќе го финансира снабдувањето на засолништата за итни случаи, со прибор за вода и средства за хигиена.
Стоиме со нашите колеги и компании за поддршка на хуманитарните напори и горди сме што ќе соработуваме со УНИЦЕФ бидејќи тие овозможуваат клучна помош на терен. Исто така ги поздравувам нашите колеги и партнерите за снабдување во Турција, кои пружаат засолниште во ова страшно време, соопштија трговските синџири.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.