Свет

M&M’s претстави кампања за Денот на жената

31 Jan 2023

 

M&M’s овој месец ќе пушти во продажба пакети слатки производи со лицата исклучиво на женските маскоти на брендот, соопштија од компанијата.

Со секоја продажба на овој пакет, по еден долар ќе биде наменет за организации како што се „She Is The Music" и  „We Are Moving the Needle", до износ од вкупно 500. 000 долари. 

Кафеавиот, зелениот и новиот виолетов лик по првпат се обединети на амбалажата дизајнирана по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март. Ликовите се појавуваат наопаку над порака која гласи: Ги поддржуваме жените, го менуваме „статус кво“. 

M&M’s во септември минатата година претстави виолетов лик кој е уште еден носител на банерот за прифаќање и инклузивност, рекоа претставници на компанијата.

Креативната агенција „ББДО Њујорк“ помогна во осмислувањето и реализацијата на кампањата. 

tags:
#M&M’s  


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...