Свет

„Унилевер“ претстави ладилници на батерии

21 Dec 2022

„Унилевер“ во втората половина на 2023 година во ЕУ ќе лансира приколки за ладење кои се движат на батерии наместо на дизел, бидејќи гигантот сака да ги намали емисиите на јаглероден диоксид и трошоците за енергија. 

Британската компанија сака да достигне нулта емисија до 2039 година, а растечките цени на гасот и дизелот даваат дополнителна причина за обиди да се намали нивната употреба. 

Овој потег ќе биде уште позначаен ако успееме да го лансираме проектот што пошироко, соопштија од „Унилевер“. 

Трошоците за енергија се најголем дел од трошоците на компанијата и изнесуваат повеќе милијарди евра, додека цената на енергијата во моментот е премногу нестабилна за да се потценат потенцијалните заштеди. 

Претходно, компанијата го заврши деветмесечниот пилот - проект во Холандија за тестирање на транспорт со контролирана температура, заменувајќи го ладењето на дизел во четири приколки со прототип со нулта емисија, на батерии. Ако биде успешен, би можел да заштеди и до 25 тони јаглерод - диоксид по приколка годишно, што би било еквивалентно на отстранување 70 патнички автомобили од патиштата секоја година. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...