Свет

Во „Волмарт“ се купува и преку смс - порака

27 Dec 2022

По тестирањето на оваа функција што го направи минатата година, „Волмарт“ неодамна лансираше бесплатна функција Text to Shop за корисниците на ИОС и андроид уреди.

Поврзана со „Волмарт“ сметката на корисникот, функцијата Text to Shop знае кои се вообичаени артикли на купувачот. Купувачите во пораката можат да напишат име на општ артикал - на пример, житарки - а трговецот ќе го додаде брендот и типот што обично се нарачува во корпата на корисникот, овозможувајќи му на корисикот да го замени производот, да ја смени количината или да го отстрани од корпата. 

Функцијата исто така им овозможува на купувачите да ги проверат своите колички со помош на текст или во апликацијата на „Волмарт“ и да закажат време за преземање или за испорака на производите. 

Знаеме дека за вработените членови на семејствата и за младите професионалци приоритет е наоѓање можности да „забават“ и да живеат во овој момент. Тоа е она што не инспирираше да ја креираме Text to Shop, соопшти трговецот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...