Свет

„Е.Леклер“ ja прекинува дистрибуцијата на летоци за да ја намали емисијата на CO2

15 Dec 2022

Францускиот трговец „Е.Леклер“ ќе престане со дистрибуција на летоци во поштенските сандачиња до септември 2023, во цел да се намали потрошувачката на хартија. Иницијативата ќе му помогне на трговецот да ја намали употребата на хартија за повеќе од 50.000 тони и е ускладена со целите за одржливо работење на компанијата. 

Горд сум што 600 членови на „Е.Леклер“ одлучија да посветат внимание на табу темата - ставање летоци во поштенско сандаче. Секако, постои деловен ризик. Но, конечно, 50.000 тони хартија што ќе се заштедат годишно можат да бидат од корист за намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Нашите купувачи знаат дека можат да сметаат на „Е.Леклер“, што се однесува до куповната моќ, соопштија од компанијата. 

Употребата на хартиени летоци опадна од пандемијата. Најмалку 44 отсто луѓе ги фрлаат летоците најмалку еднаш неделно не обраќајќи внимание на нив, извести трговецот. 

Стотина „Е.Леклер“ продавници во Франција веќе престанаа со дистрибуцијата на летоци и овој број би требало да достигне 250 до крајот на март 2023 година. До крајот на истата година, пак, дистрибуцијата на летоци ќе престане од сите 734 продавници на трговецот.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...