Европската комисија донесе одлука за зголемување на контролата на пестицидите за турските лимони и грејпфрутот кои се увезуваат во ЕУ. Одлуката едногласно ја усвои Постојаната комисија за растенија, животни, храна и добиточна храна.
Системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF) објави податоци кои предупредуваат дека дошло до силно зголемување на бројот на пратки со лимони и грејпфрут од Турција во кои содржината на пестициди е надмината над официјалната граница утврдена со регулативите на ЕУ.
Поради тоа е изменета регулативата (EU) 2019/1793 година, а контролниот процент е зголемен од 10 на 30 отсто кај грејпфрутот и од 20 на 30 отсто кај лимоните. Мерката стапува на сила на почетокот на јануари и ќе се применува шест месеци. Три од десет камиони кои ги превезуваат овие цитруси за пазарот на ЕУ ќе бидат подложени на строги гранични контроли, вклучително и анализа на пестициди.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.