Свет

Турција извезе овошни сокови за милијарда долари

25 Nov 2022

До крајот на годинава, извозот на овошни сокови од Турција ќе достигне вредност од 1 милијарда долари, што е годишно зголемување од 100 отсто, во споредба со порастот од 25 отсто минатата година. 

Двојно зголемиот извоз е резултат на поголемото производство на овошни сокови во земјата и зголемената побарувачка на истите во странство. 

Во Турција има 50 - тина големи фабрики за производство на овошни сокови кои извезуваат во над 200 пазари во светот. Со тоа, земјата се рангира меѓу првите 10 топ - снабдувачи со овошни сокови во светот, меѓу кои се Шпанија, Германија и САД. Предводник на извозот од Турција е концентратот на сок од јаболко, со остварени 83 милиони долари во првите девет месеци од 2022 година. 

Фото кредит: https://www.favorece.net/



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...