Свет

Северна Ирска: „Лидл“ вложи 347 милиони фунти во локалното земјоделство

22 Nov 2022

„Лидл“ во Северна Ирска вложи рекордни 347 милиони фунти во земјоделско - прехранбената индустрија во оваа држава. Трговецот на овој начин поддржа 60 локални производители во период од една година, од февруари 2021 до февруари 2022 година, се наведува во извештајот од компанијата. 

Развиен со поддршка на Здружението за храна и пијалаци на Северна Ирска, овој извештај го нагласува значајниот економски придонес на трговецот за земјоделско - прехранбената индустрија и ја нагласува неговата долгогодишна посветеност кон набавката на производи од локални производители. 

Извештајот открива и дека од тие 347 милиони фунти, стока во вредност од 298 милиони фунти што „Лидл“ ја набавил од добавувачите од регионот е извезена ширум светот низ експанзивната мрежа на продавници на „Лидл“. 

Нашата долгогодишна позиција на најбрзо растечки супермаркет во Северна Ирска сведочи за нашиот воспоставен деловен модел фокусиран на вложувања во нашата мрежа на локални добавувачи и овозможување одличен квалитет од локално добиени свежи производи за речиси половина милион купувачи неделно ширум регионот. Се радуваме дека оваа пракса уште повеќе ќе ја надградуваме во следните години, соопштија од „Лидл“ Северна Ирска.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...