Свет

„Ламб Вестон“ го проширува капацитетот за преработка на помфрит

12 Sep 2022

Производителот на смрзнат помфрит „Ламб Вестон“ планира да го прошири капацитетот за преработка на компир во Аргентина со нов производствен погон во Мар дел Плата, Буенос Аирес.

Во новата фабрика се очекува годишно да се произведуваат повеќе од 90 милиони килограми смрзнат помфрит и други производи од компир за јужноамериканскиот пазар, на кој има побарувачка за 900 милиони килограми.

„Ламб Вестон“ очекува изградбата на новата линија да заврши до средината на 2024 година, со што ќе бидат отворени речиси 250 нови работни места. Вкупната инвестиција во проектот се проценува на околу 240 милиони долари, во зависност од инфлацијата и тогашниот девизен курс.

Инвестицијата во нова фабрика ја покажува нашата континуирана доверба во растечкиот глобален пазар на смрзнат помфрит и посветеноста да им служиме на купувачите од Аргентина и од поширокиот јужноамерикански пазар, рече Том Вернер, претседател и извршен директор на „Ламб Вестон“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...