Свет

Инфлацијата води до „шринкфлација“

01 Sep 2022

Производителите на големите брендови и трговците на мало ја намалуваат големината на производите во обид да ги ублажат зголемените трошоци за суровините и за операциите.

Со намалувањето на големината или количеството на производот за цената да остане приближно иста, компаниите се надеваат дека ќе го задржат обемот на продажба.

На пример, „Марс“ ја намали големината на мултипакувањата на Maltesers и на Twix, а „Упфилд“ го направи тоа на пакувањата Bertolli. „Унилевер“ ја намали тежината на сладоледите Magnum, сапуните Dove и на производите за перење Lenor.

Трговците, исто така, ги намалуваат производите од сопствените приватни марки. „Теско“ намали 50 грама од тежината на целата палета на готови оброци. Претходно, истото го направи и „Морисонс“.

Намалувањето на големината на производите не секогаш значи дека цената останува иста, понекогаш таа може и да се зголеми. Здруженијата на потрошувачи нагласуваат дека сакаат компаниите јасно да им укажат на големината, тежината или количеството на намалување на производите, практики што не ги комуницираат сите производители.

Зголемените влезни трошоци го натераа „Данон“ да ја намали палетата на производи. Целиот асортиман на производи на компанијата е во фаза на анализа. Засега, ниту една производствена линија не е целосно прекината, но ќе има помалку различни вкусови и пакувања.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...