Свет

„Алкампо“ купува продавници на „Диа“

30 Aug 2022

Шпанскиот трговец на мало „Алкампо“ купува 235 супермаркети од конкурентот „Диа“.

Продавниците се со просечна големина од 765 квадратни метри и ќе бидат интегрирани во продажната мрежа на „Алкампо“ откако надлежните за конкуренција ќе дадат одобрение. Аквизицијата вклучува и еден магацин.

Со овој потег, по затворањето на договорот „Алкампо“ двојно ќе ја зголеми мрежата на продавници и ќе достигне до 545 продажни места. „Диа“, дел од „Ошан“, има цел да се фокусира на малите продавници во соседството. Средствата од купопродажбата се очекува да ги искористи за да го забрза преуредувањето на продажната мрежа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...